вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Фрлил марихуана кога ја видел полицијата, кривична за жител на Дугово

Фрлил марихуана кога ја видел полицијата, кривична за жител на Дугово
фото илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(34), од село Дугово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 12.08.2020 во 21.40 часот во Кичево, при пристапување за вршење преглед над пријавеното лице, С.Б. фрлил ќесиња со марихуана.