понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова се причините зошто Кејт Мидлтон за само седум часа по породувањето застана на нозе и замина дома насмеана и нашминкана (ФОТО)

Ова се причините зошто Кејт Мидлтон за само седум часа по породувањето застана на нозе и замина дома насмеана и нашминкана (ФОТО)

Откако се породи принцезата Кејт Мидлтон на сите прво што им падна на памет е тоа како таа за само седум часа собра сили да излезе од болницата  да се фотографира со бебето.

Имено британската кралска традиција налага секое новороденче да биде покажано на јавноста неколку часа по породувањето, а така беше и со претходните деца на Кејт и Вилијам, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Но иако за многумина чудно, во Британија никој не беше зачуден од фактот дека принцезата само неколку часа по породувањето излезе од болница, застана на нозе и замина дома.

Во Америка мајките кои се породуваат остануваат во болница два дена по што добиваат отпусна листа. Истовремено во Британија мајките остануваат во болница само еден ден, што е најкратко задржување од било која земја во светот.

Втората причина поради тоа што Кејт ја напушти болницата толку рано е тоа што кралското семејство привлекува големо внимание и јавноста со нетрпение го чека покажувањето на новото бебе.

Истовремено поради тоа што Кејт ја напушти толку рано болницата, таа има целосен тим на лекари кој е спремен да дојде во секое време доколку нешто и затреба на принцезата.

Најнови вести