понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев пред родителите тврдел дека осудените се убијци на децата, а пред камери вели дека се зборувало за субвенции

Заев пред родителите тврдел дека осудените се убијци на децата, а пред камери вели дека се зборувало за субвенции

Премиерот Зоран Заев си поигрува со трагичната судбина на семејствата на свирепоубиените кај Смилковското езеро. Јавноста го осудува Заев за манипулирање со овој настан кој ја потресе цела Македонија, а народот бара правда.

Изјавите на родителите на жртвите се срцепарателни, а односот на Заев кон нив сосема бесчувствителен.

За време на „бомбите“ и долг период после тоа, Заев тогаш лидер на опозицијата, а денес премиер, ја користеше дури и оваа трагедија за да собере политички поени. Во слепата битка за власт, Заев погази по чувствата на родителите кои загубија деца на најморбиден можен начин.

Родителите се чувствуваат изманипулирани од Заев, бараат правда.

Горан Наќевски, таткото на Александар едно од убиените момчиња кај Смилковско Езеро на последното рочиште во судот истакна дека премиерот Зоран Заев на средбата со нив им покажал транскрипти од разговор меѓу Невзат Бејта и еден од обвинетите.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината, рече таткото на Наќевски.

И мајката на свирепо убиениот Александар сведочеше за ваквите материјали кои им ги покажувал Зоран Заев.

– Се слушаше гласот на Фејзи Азири и непознатото лице: „Вечерва сонував лош сон. Сонував како му ги врзуваат рацете на момчето и плачев. Си велев, да не нè се израдувам, да не нè го завршам тој никаквец“, цитира Зорица Наќевска, мајката на Александар, дел од транскриптот од разговорите.

Заев пак, уверуваше дека Азири и Бејта зборувале за субвенции за земјоделство.

По ова, двојните аршини на Заев излегуваат на виделина- тој пред родителите на свирепо убиените кај Смилковско езеро тврдел дека осудените се убијци на нивните деца, а пред камери, односно за јавноста вели дека во телефонските разговори се зборувало за субвенции.

Најнови вести