сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројката расте од ден на ден: Еве над колку милиони луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројката расте од ден на ден: Еве над колку милиони луѓе се заразени  со коронавирус во светот

Бројот на луѓе заразени со коронавирус во светот денеска надмина 105 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Ворлдметерс (Worldometers).

Според веб-страницата, од почетокот на пандемијата, во светот се регистрирани 105.003,605 случаи на коронавирус, додека како резултат на оваа инфекција починале 2.280,754 лица, а 76.449,443 лица оздравеле.

Во моментов има 25.829,383 активни случаи, од кои 0,4 проценти, поточно 106.400 од нив се во сериозна или критична состојба.

Најголем број на нови случаи и смртни случаи има во САД, каде се регистрирани повеќе од 27 милиони случаи и 461.930 починати.

На второ место според бројот на пациенти е Индија со повеќе од 10 милиони случаи, следи Бразил со повеќе од девет милиони, додека другите земји имаат помалку од четири милиони потврдени случаи на коронавирус.

Бразил е пред Индија по бројот на смртни случаи, со регистрирани 227.592 починати во земјата и 154.742 во Индија.

Во Европа, најголем број на смртни случаи се регистрирани во Велика Британија – 109.335.