понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Животната приказна на црвениот фараон: Топката ја правев од чорапи, секој ден патував по 9 часа…

Неговата приказна е слична на многу фудбалери од Јужна Америка. Сиромашно семејство, скромни услови и еден сон- да се биде фудбалер.
Животната приказна на црвениот фараон: Топката ја правев од чорапи, секој ден патував по 9 часа…

Кога даде гол и го однесе Египет на Светско првенство, во знак на благодарност доби луксузна вила од државата, а тој се заблагодари и кажа дека тие пари ќе ги донира за сиромашните деца. Да, тоа е Мохамед Салах.

Имав само седум години и гледав Лига на шампиони. Ги видов Роналдо, Зидан, Тоти и помислив: „Сакам да бидам фудбалер“. Тогаш се започна, раскажува Мо Салах.

Неговата приказна е слична на многу фудбалери од Јужна Америка. Сиромашно семејство, скромни услови и еден сон- да се биде фудбалер.

-Топката ја правев од чорапи, а играв со братот и пријателите. Брат ми не беше талентиран како јас, но кога имав 14 години, најдобриот пријател ми кажа: „Мо, ќе бидеш најдобар на светот“.

Кога имал 14 години го потпиша својот прв професионален договор со тимот на Араб Контракторс.

Патувал по девет часа

-Во училиште одев од 7 до 9, само два часа. Од клубот добивав оправдание, на кое пишуваше: „Мо мора секој ден да замине од училиште во 9 часот, како би стигнал во тренинг кампот во 14 часот“. Да би стигнал во Каиро патував сам по 4 и пол часа во еден правец, но морав да менувам три различни автобуси и воз, раскажува Салах.

-Во кампот ви стигнал околу 14 часот, некогаш во и во 14:30, а тренингот би почнал во 15:30 или 16 часот. Би траел до 18 часот, а потоа пак би седнал во воз, па во автобус и четири и пол часа назад. Девет часа патував секој ден. И така пет години. Дома би дошол мртов уморен, би јадел нешто и на спиење. Но, имав сон, бев дете кое сонуваше дека ќе биде фудбалер.

На 16 години влегол во првиот тим на Араб Контракторс.

-Тек тогаш сфатив дека можеби би можел да бидам нешто, дека би можел да станам фудбалер.

Денес, кога е еден од најпопуларните фудбалери на светот и кога заработува 100.000 евра неделно, плата која наскоро ќе му порасне најмалку за три пати, Египќанецот не заборава на својот роден крај и пријателите.

Во родната земја финансира изградба на училишта и помага на локалната болницата.

Одби вила за гол

Салах води и хуманитарна организација која се грижи за прехрана на оние на кои тоа им е потребно, посебно во текот на светиот муслимански месец Рамазан.

Не само што е чувствителен на потребите на луѓето, Мохамед се грижи и за својата држава, во државниот буџет уплати 210.000 британски фунти, како би им помогнал на властите да го одржат курсот на египетската фунта.

Каков човек е Салах, најубаво објаснува понудата која ја добил кога даде гол и го однесе Египет на Светско првенство. Во знак на благодарност од државата доби луксузна вила, а тој се заблагодари и кажа тие пари да ги донираат за сиромашните деца.

Подобар од Меси и Роналдо

-43 гола даде Салах оваа сезона во сите натпреварувања. Најдобар стрелец е во топ 5 лигите. Звучи неверојатно, но тој има двојно подобри бројки од лани. Минатата сезона даде вкупно 19 голови, 15 во Калчото во дресот на Рома. Сега додека уште трае сезоната има вкупно 43, а во првенството има постигнато 31 гол.

-42 гола даде Роналдо во сите натпреварувања. Само во Лигата на шампионите даде 15 голови, во шпанското првенство пак 24 од 25 натпревари.

-41 гол оваа сезона досега има Чиро Имобиле, избрканиот напаѓач од Борусија Дортмунд и Севиља, а најголема ѕвезда во Лацио. Повеќе голови од Меси има оваа сезона.

-40 гола има Меси оваа сезона, а е тек на четвртото место, тогаш може да се каже дека е јасно дека зад нас имаме една луда сезона.