вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос и Крос: Се сметаат головите, а не големите шанси

Рамос и Крос: Се сметаат головите, а не големите шанси

Фудбалерите на Реал Мадрид Серхио Рамос и Тони Крос порачаа дека се бројат само головите, а не шансите кои во голем број ги пропушти Баерн.

Двајцата истакнаа дека сега преостанува реваншот во Мадрид за да се заврши работата и да се пројде во финалето на Лигата на шампионите.

Реал шести пат по ред го совлада Баерн (2:1) откако го сврте натпреварот преку головите на Марсело и Асенсио, претходно погоди Џошуа Кимих.

-Секогаш очекуваме да победиме 3:0 но сега беше тешко. Ова е она што ја прави Лигата на шампионите, големи натпревари. Бевме солидни, во одбраната добри, но не беше лесно. Сега ни преостанува да ја завршиме работата, ништо не завршивме и мораме да го почитуваме Баерн, рече Рамо по натпреварот.

Германскиот играч за врска кој во Реал отиде од Баерн призна дека Баерн беше подобар во однос на шансите.

-Вистина е дека Баерн имаше повеќе шанси од нас, но тоа е нормално кога играш во гости во полуфиналето на ЛШ. Мора да патиш… Беа офанзивни, такви и ги очекувавме, но ние тешко доаѓавме до посед. Сепак, на крајот се гледаат само головите, рече Крос.

ТОј вели дека сега се е во рацете на кралскиот клуб на патот кон финалето во Киев.