понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еден загинат и 16 повредени во хемиска фабрика во Чешка

Еден загинат и 16 повредени во хемиска фабрика во Чешка

Едно лице човек загина, а 16 се повредени во хемиска фабрика во чешкиот град Дечин, откако истекол фенол од камион цистерна, јави АФП, повикувајќи се на службата за итна помош.

Инцидентот се случил во фабриката „Хемитекс“, во која работат околу 90 лица. Веднаш по истекувањето на фенолот, бил прекинат производствениот процес.

Дел од вработените се повредиле кога вдишале фенол, а други од отровна хемикалија, позната како карбонска киселина, којапредизвикал изгореници на кожата, објасни портпаролот.

Фенолот истекол откако се скинало цревото, со кој бил траснпортиран.

МИА