сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

До април „АстраЗенека“ ќе произведува над 200 милиони вакцини месечно

До април „АстраЗенека“ ќе произведува над 200 милиони вакцини месечно

Компанијата АстраЗенека очекува овој месец да произведе повеќе од 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, зголемувајќи го производството на над 200 милиони месечно до април, изјави денеска генералниот директор на компанијата Паскал Сорио.

Шефот на одделот за истражување и развој БиоФармасјутикалс РиД, Мене Пангалос претходно изјави дека компанијата очекува податоци за доцната фаза на американското испитување на вакцината пред крајот на март.

„Читањето“ на податоците ќе биде само неколку недели, по објавувањето на резултатите постигнати од компанијата во 2020 година. (МИА)