понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Најнови детали за сообраќајката на „Скупи“, уапсен маж

Најнови детали за сообраќајката на „Скупи“, уапсен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за вчерашната сообраќајна несреќа на улицата „Скупи“.

Од МВР за Курир информираат дека приведено е едно лице по сообраќајката.

-Околу 21.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, додека двајца полициски службеници извршувале службени дејствија, обезбедувајќи претходно случена сообраќајна незгода меѓу две возила, едниот од нив бил удрен од патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од Скопје, информираат од МВР за Курир.

Полицискиот службеник се згобил со повреди кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а М.Ј. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош.