На 30.12.2017 година во 15:30 часот,во Куманово на ул. „Перо Чичо“ пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“ се случило сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки , управувано од Т. Т. (1977) од Куманово удрило во пешак Т. С. (2009) од Куманово.
Во незгодата пешакот Т.С се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Медицински центар -Куманово каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пратен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Куманово.