вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Франција ќе воведе нови мерки во граничните области со Германија

Франција ќе воведе нови мерки во граничните области со Германија

Франција денеска соопшти дека ќе воведе нови мерки против Ковид-19 за областа што граничи со Германија за да се обиде да го запре ширењето на новите мутации на коронавирус во францускиот регион Мозел.

Француските министри за европски прашања и здравство во заедничка изјава најавија дека прекуграничните работници кои досега беа изземени од мерките ќе треба да имаат негативен ПЦР тест доколку патуваат од причини што не се поврзани со нивната работа.

Министрите исто така соопштија дека работата од дома ќе биде поттикната во оваа област, со заеднички напори на Франција и Германија да изнајдат начини да спречат затворање на заедничката граница, што ќе вклучува заеднички контроли на француско-германската полиција, како и забрзување на француската програма за вакцинација во регионот и засилено тестирање.

Францускиот регион Мозел, на границата со Германија и Луксембург, забележа нагло зголемување на заразени со јужноафриканскиот сој коронавирус, што ги натера регионалните власти да побараат прогласување локално заклучување, на кое Париз досега се спротивставуваше.

Францускиот претседател Емануел Макрон во неколку наврати повикуваше внатрешните граници меѓу земјите на ЕУ да останат отворени за време на пандемијата.