Вечерва во Србија ќе пристигнат 100.000 нови руски вакцини Спутник V, најави министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.
Тој утрово разговарал по телефон со неговиот руски колега, министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, Денисов Мантуров. За време на овој разговор, според Поповиќ, било потврдено дека „братска Србија“ останува приоритет во испораката на вакцини во Русија.
Поповиќ посочил дека оваа испорака е потврда за најдобрите односи меѓу Србија и Русија.
– Ова е уште еден доказ дека секогаш можеме да се потпреме на нашите браќа Руси и дека, како и многу пати досега во нашата историја, Русија никогаш не ја оставила Србија на цедило, рече Поповиќ.
Тој изјавил дека вакцините ќе бидат транспортирани до Институтот Торлак веднаш по пристигнувањето на аеродромот Никола Тесла, од каде ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ Србија во понеделник.
Поповиќ потсетил дека Србија се согласи да купи вкупно два милиони вакцини од Русија и дека целата количина на вакцини ќе биде доставена до Србија до крајот на април.