четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

КУРИР дознава: Ранетиот полицаец е син на поранешен верски лидер во Македонија

КУРИР дознава: Ранетиот полицаец е син на поранешен верски лидер во Македонија

Во скопската општина Ѓорче Петров попладнево се случи вооружен инцидент.

Имено, како што дознава КУРИР, денес пукано е во полициски службеник.

Како што неофицијално дознава КУРИР, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија. Според наши информации, станува збор за Зекљуљ Реџепи.

КУРИР побара одговор од МВР, од каде добивме детали за инцидентот.

Околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р, дознава КУРИР од МВР.

Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.