сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО СО НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни оваа година нема да се ослободиме од вирусот!

СЗО СО НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни оваа година нема да се ослободиме од вирусот!

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од „Ковид-19“ до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО, Мајк Рајан, сепак изјави дека трагедијата во кризата со короната може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека вирусот е сè уште оној што има контрола, особено со оглед на зголемувањето на бројот на новоинфицирани минатата недела, по шест последователни недели опаѓање на бројот.

– Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата“, рече Рајан.

Неговата изјава дојде само неколку дена откако директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуж, рече дека верува оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година.

Клуге рече дека верува оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши во почетокот на 2022 година.