Германскиот кошаркарски клуб Алба официјално доби двегодишна лиценца за учество во кошаркарската Евролига.
Оваа одлука беше донесена по резултатите од виртуелниот состанок на акционерите во Евролигата, одржан денес.
Клубот од Берлин ги исполни сите претходни услови во Евролигата и успешно го помина тестот за вајлд-карта.
Алба дефинитивно ќе игра во најсилното клупско европско кошаркарско натпреварување во сезоните 2021/22 и 2022/23.