среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Го удрил мопед и лежел на улица неколку часа- од повредите починал во болница, но неговиот син во полиција пријавил после една недела

Го удрил мопед и лежел на улица неколку часа- од повредите починал во болница, но неговиот син во полиција пријавил после една недела

На 08.03.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје, И.П.(50) од Скопје пријавил дека на 01.03.2021 во периодот од 14.00 часот до 15.00 часот на ул.„Христо Татарчев“ неговиот татко Р.П.(83) бил удрен од мопед, кој го напуштил местото.

Во незгодата пешакот се здобил со повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на 02.03.2021 во 22.30 часот починал.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.