вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев не ја кажуваше вистината кога рече дека Чајна Дејли е вклучена, на крајот се сведе на фантом фирма!

Заев не ја кажуваше вистината кога рече дека Чајна Дејли е вклучена, на крајот се сведе на фантом фирма!

-Сме правеле нарачки, ни помогна и „Пауер Чајна“, мајка-компанија на Синохидро. Таа е една од кандидатите за изградба на Чебрен, џиновска компанија во сопственост на Кина, истакна премиерот Зоран Заев.

Но, оваа негова изјава, како и низа други, се покажа дека не е вистинита.

Вчера беше обелоденет скандал кој покажа дека набавката на вакцини, Заев се обидел да ја направи преку фантом фирма.

Во нов текст насловен  како „Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот. ЕУ е оставена надвор од геополитичката борба со вакцините, “Ла Верита” ги има доказите од контактите меѓу Македонија и Пекинг, кој ја напуштил зделката плашејќи се од измами”, весникот кажува дека Заев бил првично одбиен од Пекинг поради тоа што одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг.

-Но, кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцините се случи уште еднаш во Македонија каде владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас. Во едно телевизиско интервју во јануари, Зоран Заев ги информираше Македонците дека никогаш не би побарал помош од Кина и Русија бидејќи земјата, по влезот во НАТО, треба да се потпре на своите западни сојузници. „Ла Верита“, меѓутоа, дојде до две писма од министерот за здравство Венко Филипче, кои уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот, пишува весникот.

Причината за ова, според извори на „Ла Верита“, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот.

-Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим, пишува во текстот на весникот.

Најнови вести