понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Жалам што не го испративме Иниеста со тројна круна

Меси: Жалам што не го испративме Иниеста со тројна круна

Барселона со победата на гостувањето кај Депортиво ла Коруња од 2:4 на три кола пред крајот го обезбеди 25-от трофеј во Примера.

За каталонскиот клуб ова е двојна круна на домашната сцена сезонава, откако минатата сабота го освои и Купот на кралот.

Лионел Меси, кој постигна хет-трик на натпреварот против Депортиво, рече дека жали што со тројна круна нема да го испратат Андрес Иниеста, мислејќи при тоа на трофејот од Лигата на шампионите.

– Тој заслужува да си замине од клубот на ваков начин, со двојна круна во Шпанија. Жалам што не го испративме како Чави, со освоена тројна круна, но и оваа двојна круна е слатка и повеќе од заслужена. Штета што си заминува, но едноставно дојде неговиот ред, како што претходно тоа го направија Чави и Маскерано. Му посакуваме се најдобро, истакна Меси.

Тој додаде дека со освојувањето на титула во лига како што е Примера, докажале дека се посупериорни од нивните ривали.

МИА