На 13.03.2021 во 20:30 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Издеглавје-општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода помеѓу возила со охридски регистарски ознаки, „фолксфаген џета“ управувано од Е.С.(22) и „бмв“, управувано од А.И.(45), двајцата од Охрид.
Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Со тешки телесни повреди се здобила и Е.С.К.(26) од Русија-сопатник во второто возило, која била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.