сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Модерна започна да ја тестира својата вакцина на деца

Модерна започна да ја тестира својата вакцина на деца

Американската компанија Модерна започна вакцината против коронавирус да ја дава на деца постари од шест месеци до 11 години, во рамки на средна до доцна фаза на клиничкото испутување, соопшти компанијата,

За време на клиничкото истражување ќе биде испитана безбедноста и ефикасноста на две дози вакцина “mRNA-1273”, кои се даваат во период од 28 дена. Планирано е во испитувањето да учествуваат 6750 деца од САД и Канада.

Вакцината е веќе одобрена за итна употреба кај Американците повозрасни од 18 години.

Во одвоено истражување, кое започна во декември, Модерна ја тестира својата вакцина меѓу младите на возраст од 12 до 18 години. Нивните клинички испитувања се објавуваат во соработка со Националните институти за алергија и инфективни болести и Управата за биомедицински истражувања и развој.