недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американските разузнавачки агенции предупредуваат на раст на домашниот тероризам

Американските разузнавачки агенции предупредуваат на раст на домашниот тероризам

Американските разузнавачки агенции соопштија дека расно мотивирани екстремисти и десните екстремистички групи претставуваат најсмртоносни терористички закани во земјата и предупредија дека е можно интензивирање на нивните активности годинава.

Според нивните проценки расно мотивираните екстремисти најверојатно стојат зад нападите врз цивилите, додека нападите на припадниците на десничарските групи насочени се врз полицијата и владините претставници и објекти.

Во извештајот подготвен од ФБИ, Одделението за национална безбедност и Националниот центар за антитероризам, се наведува дека домашните екстремисти кои промовираат бела расна супериорност немаат развиени односи со странски екстремисти и дека малкумина американски екстремисти патувале во странство или се поврзани со странски екстремисти.

Според разузнавачките агенции помеѓу домашните екстремисти најмногу загрижуват активистите за заштита на животните и животната средина, противниците на абортусот, анархистите и суверенистите односно лицата кои веруваат дека се над законот.