Францускиот кошаркарски тим Гравелин вечерва загуби на домашен терен од Стразбур во првата француска кошаркарска лига, натпревар на кој не настапи македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски за кого пристигнуваат навистина лоши вести.
– Се случи во оние моменти кога најмалку очекуваш, односно кој не може да се повреди. Почувствував како левото колено „излезе“ од некоја нормална положба. Знаев дека нешто не е во ред, и како што треба. Лекарскиот тим веднаш организираше снимање со кое беше потврдено кинење на предниот вкрстен лигамент на коленото. Тоа е животот, ако ништо друго ќе земам одмор, макар и ваков, кој ми беше потребен. Се надевам дека во наредните денови менаџментот на клубот ќе ја организира операцијата. Сакам да го решам тоа што е можно побрзо. Да влезам во процес на рехабилитација, и да се вратам посилен од било кога – потврди македонскиот репрезентативец