вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија кај Велешта, усмртен пешак

Трагедија кај Велешта, усмртен пешак

Пешак е усмртен откако во него удрил автомобил на регионалниот пат Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта.

Од СВР Охрид информираат дека несреќата се случила вчера околу 19:30 часот.

-Автомобил „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(36) од селото Велешта, удрил во пешакот Т.К.(49) од село Подгорци. На пат кон општата болница во Струга Т.К. им подлегнал на повредите, информираат од охридската полиција.

На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.