Европскара агенција за лекови ЕМА денеска објави дека во процес на разгледување е на три вакцини против коронавирус, меѓу кои и руската Спутник.
Еден ден откако утврди дека вакцината на АстраЗенека е безбедна за употреба, ЕМА на Твитер објави список на вакцини кои во моментов се разгледуваат за употреба во Европа.
#COVID19vaccines: where are we now?
Rolling reviews in progress, submitted applications, authorisations completed 👇 pic.twitter.com/cskA485pRL— EU Medicines Agency (@EMA_News) March 19, 2021
На листата за разгледување се вакцините Нововакс, Кјурвак и Спутник.
Во Европската Унија одобрени за употреба се вакцините на Фајзер, Модерна, АстраЗенека и вакцината на Џонсон и Џонсон.