четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ајакс – Рома најпривлечна двојка во четвртфиналето на ЛЕ

Ајакс – Рома најпривлечна двојка во четвртфиналето на ЛЕ

Познати се двојките за четвртфиналето и во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување на европскиот континент. Во Нион, Швајцарија, попладнево УЕФА изврши жрепка и за полуфиналната фаза.

Двојки за четвртфиналето во фудбалската Лига на Европа:
Гранада – Манчестер јунајтед
Арсенал – Славија
Ајакс – Рома
Динамо Загреб – Виљареал.

Во полуфиналето ќе се сретнат победниците од првата и третата двојка, како и поуспешните од вториот и четвртиот пар.

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 8 април, реваншите на 15 април.

Првите полуфиналиња се закажани за 29 април, реваншите за 6 мај.

Финалето ќе се одржи на 26 мај во Полска на „Арената Гдањск“.