Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија ја прекина серијата од два пораза во низа откако во 19.коло славеше на гостувањето против Гостивар со 75-81.
Александар Тодоровиќ беше првото име кај домашниот состав со 23 поени и 12 скока, Марјан Јанески додаде 14 поени, додека еден помалку забележа Џалон Фрајдеј. Џоџо Вокер натпреварот го заврши со 12 поени, додека дабл-дабл од 10 поени и 12 асистенции оствари и Александар Костоски.
Џош Скот беше предводникот на Кожув со 19 поени и 6 скока, дабл-дабл од 18 поени и 10 скока забележа Никола Силаџи, додека еден помалку додаде Димитар Караџовски кој имаше и 5 асистнеции.