четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Еуро Никел го декласира Гостивар

Еуро Никел го декласира Гостивар

Кошаркарите на Еуро Никел со голема победа се враќаат од гостувањето во Гостивар, откако на домашниот состав му нанесоа тежок пораз од 67-106, во дуелот од третото коло.

По големата победа во првото коло над Пелистер, гостиварчани очекуваа нова одлична претстава на своите миленици во својот дом. Но, Гостивар беше рамноправен на паркетот само во првите десет минути во кои играше рамо до рамо со гостинот од Кавадарци, но потоа следуваше голем пад.

Мекивен со 17 и Костов со 16 поени беа најпрецизни во победничкиот табор, додека за Гостивар Златевски имаше 13 поени.