понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Еуро Никел потпиша двајца странци

Еуро Никел потпиша двајца странци

Еуро Никел успеа да донесе и две засилувања од странство кои без проблем ќе бидат регистрирани, и тоа Џексон Дубински и Мек Смит.

Дубински е добро познат на кавадаречката спортска јавност, станува збор за американски плејмејкер кој  со успех ги бранеше боите на Еуро Никел пред неколку сезони, тој ја мина ланската сезона во Грција, а сега донесе одлука да се врати во мак-баскетот.

Смит настапува на позициите два и три, тој ланската сезона беше дел од Академија ФМП, а добрите игри за скопскиот клуб беа препорака за негов трансфер во Еуро Никел.

Кавадарчани претходно го потпишаа и Стефан Глигоријевиќ од Куманово, нови договори имаат и Соколов, Караколев и Младеновиќ, а шанса ќе им биде дадена и на младите Тоше Златев, Никола Бојчев и Андреј Чадамов.