вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Еуро Никел го потпиша Оливер Двојаковски

Еуро Никел го потпиша Оливер Двојаковски

Екипата на Еуро Никел формира ростер за следната сезона и го потврди договорот со Оливер Двојаковски кој доаѓа од тимот на КК Пелистер

26-годишното крило беше меѓу „зелените“ една сезона и играше важна улога во ротацијата на тренерот Марјан Илиевски. Откако Двојаковски и Пелистер не ја продолжија соработката, тој се одлучи на трансфер во Еуро Никел.

Македонскиот кошаркар претходно играше за Академија ФМП, Куманово и АВ Охрид на домашната сцена, а од 2015 до 2018 година беше дел од двете шпански екипи Алфас Сера Џелада и Санто Доминго Бетанзос.