недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Работнички го освои Кавадарци и дојде до петта победа во низа

Работнички го освои Кавадарци и дојде до петта победа во низа

КК Работнички ја врза петтата победа во низа во домашниот шампионат, што на оваа екипа им овозможува во последното коло од регуларниот дел да се борат за четвртото место.

Најтрофејниот македонски колектив денеска го доби големото дерби во Кавадарци и го победи Еуро Никел, а со самото тоа го мина на првенствената табела и направи нов скок.

Првото полувреме беше нависитна изедначено и се менуваше водството на семафорот, но по две одиграни четвртини, резултатот изнесуваше 37:38 и тоа беше гаранција за возбудливо второ полувреме.

Третиот период му припадна на скопскиот тим и Работнички имаше предност од 54:65 во последните десет минути, но тоа не беше доволно за мирна завршница. Еуро Никел се врати и успеа да поведе со 70:60, но во последните четири и пол минути, Работнички имаше повеќе нерви.

Домашните направија неколку грешки и шутерите на Работнички се разбудија во вистинско време, па Џелетовиќ и Нотиџ од линијата за слободни фрлања ги поставија конечните 75:80.

Џелетовиќ беше најдобар во гостинскиот табор со 18 поени, додека Планиниќ беше најефикасен на натпреварот со 22 поени.