петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Јавноста мора да знае, сомнежите за вакцинирани политичари од власта мора да се расчистат

Лефков: Јавноста мора да знае, сомнежите за вакцинирани политичари од власта мора да се расчистат

Вакцини нема, вакцинацијата сопрена, стоматолозите се известени бидејќи нема веќе вакцини ќе имало „краткотраен прекин на имунизацијата“ бидејќи немало веќе вакцини. Не сопираат вестите во јавноста дека се вакцинирани високи функционери и владини претставници. Сомнежот е каде се вакцинирани, дали тука или во други држави, изјави денеска пратеникот од редовите н ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефов.

-Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта, рече Лефков.

Лефков исто така најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат барање до собраниската комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство кој се до сега се вакцинирл.

-Во интерес на јавното здравје апелираме информациите за тоа кој се е вакциниран да се декласифицираат, кажете кој се е вакциниран. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме посебно барање до собраниската комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона, истакна тој.

Додека бројката на заболени се движи околу 30 проценти, а бројката на починати расте, не е време за криење на податоци порача Лефков

-Во меѓувреме, бројката се движи околу високи 30 проценти заболени од вкупно тестираните. Бројката на починати секој ден е по неколку десеттина. Не е време да се кријат податоци. Апелираме на декласифицирање на податоците и расчистување на сите сомнежи. Излезете и јавното кажете кој се и колку лица се вакцинирани, ова не е работа и бројки со кои треба да се шпекулира, повика пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Најнови вести