петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Харадинај пак се заканува со Голема Албанија – ова се неговите услови

Харадинај пак се заканува со Голема Албанија – ова се неговите услови

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска изјави денеска доколку Косово не стане членка на Обединетите нации или НАТО, ќе се приклучи на Албанија.

-Ако не го добиеме заслуженото место во ОН и НАТО, нема да останеме сами, нема да останеме без семејство, ние сме албанска нација, ќе се приклучиме кон нашето албанско семејство, рече Харадинај за време на посетата на Глодјан во општина Дечани.

Харадинај додаде дека Косово има долга историја и дека илјада години им припаѓа на неговите граѓани, како него.