Кумановската полиција приведе 45 годишен возач кој со автомобил удрил во полициски службеник, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во СВР Куманово бил приведен М.С.(45) од Куманово, бидејќи околу 12:30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, управувајќи патничко моторно возило „пасат“, удрил во полициски службеник од СВР Куманово кој извршувал службени дејствија, соопштија од СВР Куманово.
По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.