Битолски Пелистер убедливо славеше на домашен терен против Црн Дрим со 117-68, прекинувајќи ја серијата од два порази во македонското кошаркарско првенство.
Битолчани на овој меч настапија без помошта на капитенот Бојан Трајковски, но тоа не им пречеше да одиграат доминантно против еден од најслабите тимови во лигата, за својата 15. овосезонска победа.
Малешевиќ ги предводеше стрелци кај победничкиот тим со 24 поени, 19 поени постигна Кесар, додека Стајиќ го заврши мечот со 16 поени, 6 скокови и 6 асистенции. Кај Црн Дрим најефикасни на денешниот меч беа Вокер со 17 и Стаменковиќ со 15 поени.