сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ангеловски: На терен мораме да ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн

Ангеловски: На терен мораме да ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација претпладнево го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот меч против Лихтенштајн на кој, по стартниот пораз од Романија со 3:2, избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе се обидат да ја запишат првата победа во квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар.

Анализирајќи го утрешниот противник, селекторот Ангеловски на прес -конференција по тренингот истакна дека македонскиот состав е апсолутен фаворит, но оти фудбалерите ќе го мораат тоа да го покажат на теренот.

– Апсолутно ја прифаќаме фаворитската улога за овој меч и истата ќе треба да ја оправдаме на теренот. Во минатото многу пати бевме во ваква ситуација и фудбалерите покажаа дека можат да победат. Убеден сум дека така ќе биде и утре, изјави Ангеловски.

– Лихтенштајн е подмладен во однос на квалификациите во 2018, ги анализиравме и работите зависат само од нас. Потребно ќе биде да дадеме гол што побрзо, но, притоа не смееме да одиме безглаво во напад, додаде македонскиот селектор.

Мечот против Лихтенштајн се игра в недела од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Во преостанатите два дуели од групата Ј, Ерменија утре го пречекува Исланд, додека Романија е домаќин на Германија.