Македонскиот кошаркарски тим МЗТ Скопје со победа го заврши регуларниот дел во АБА 2-лига каде на последниот дуел против домаќинот на турнирот Златибор славеше со 71-90.
Тимот од Аеродром дојде до осмиот триумф оваа сезона и сега го чека финалниот распоред на табелата за потврда на противникот во плеј-офот.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски со 25 поени, зад него беше Николов со 18 поени, два помалку запиша Тарнер.