среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Македонско девојче: Погледнете како Елена Ристеска одговори на провокација од еден Бугарин (ФОТО)

Македонско девојче: Погледнете како Елена Ристеска одговори на провокација од еден Бугарин (ФОТО)

Една од нашите најубави пејачки, Елена Ристеска, објави прекрасна фотографија на својот Фејсбук профил.

Следуваа низа коментари од нејзините фанови кои не штедеа комплименти за Елена.

Но, меѓу овие коментари се најде и коментарот на еден нејзин фан од Бугарија кој напиша: „Само една Бугарка може да е толку убава“!

На ова, Елена одговори: „Мислиш МАКЕДОНКА!!! Чиста“.

Македонското девојче не дозволи провокации и како што ја претставува Македонија насекаде, така и гордо се претставува себеси во име на нашата држава.

Да го корегираме коментарот на Краси Пенчев. Вистината е дека само една Македонка може да биде толку убава како Елена.

Коментарот на Елена доби огромен број на “лајкови“ од фановите.

Најнови вести