четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Примила две дози од „Модерна“, па се заразила со коронавирус

Примила две дози од „Модерна“, па се заразила со коронавирус

Жена од Лонг Ајленд, САД, добила позитивен тест на Ковид-19 во вторникот – повеќе од еден месец по примањето на втората доза од вакцината на „Модерна“ наменета за заштита од вирусот, се вели во извештајот на „Њујорк пост“.

Мелани Розен, која работи како секретарка во училишниот кварт Хјулит-Вудмир, сметала дека по вакцинирањето со втората доза е безбедно да продолжи со нормалните активности, без да носи маска.

Таа почнала да чувствува симптоми набргу по присуството на бдеење – без маска – за таткото на еден пријател, кој починал.

-Таму, веројатно, имаше најмалку 10 члена на семејството. Се дружев околу еден и пол час, без да носам маска. Се прегрнав со неколкумина од нив, вели Розен.

Розен добила затнат нос и болки во телото, особено во нозете. Подоцна дознала дека тројца членови на семејството, кои присуствувале на бдеењето, биле позитивни на Ковид-19.

„Бев шокирана“, вели Розен. „Јас сум во оние 4,9 отсто што ја добиле вакцината на ‘Модерна’ и потоа се заразиле со Ковид-19“.