вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува за вакцинација

ФОТО: СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација.

-Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично, напиша Филипче на Фејсбук.

Најнови вести