Во заостанатиот натпревар од 6. коло во Првата кошаркарска лига, МЗТ Скопје убедливо славеше против Академија ФМП со 95-61. Со тоа кошаркарите од Аеродром со камата им вратија на избраниците на Александар Петровиќ по поразот кој им го нанесоа пред три недели.
„Најефикасни беа Мекиќ и Крстевски со 17 постигнати поени, а со 15 поени мечот го заврши Дамјан Стојановски. Во поразениот тим Харис заврши со 13 поени и седум скока.
За МЗТ Скопје ова беше дванаесетти натпревар сезонава, запишувајќи ја и осмата победа.