понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган нема планови за предизборна кампања во Германија

Ердоган нема планови за предизборна кампања во Германија

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган нема планови за предизборна кампања во Германија, јави ДПА, повикувајќи се на извор во Министерството за надворешни работи.

Ниту Ердоган ниту кој било од членовите на Кабинетот немаат планови за кампања во Германија пред предвремените парламентарни и претседателски избори во Турција на 24 јуни, изјави изворот.

За време на предизборната кампања не се планирани никакви говори за турската заедница во Германија, додаде тој.

Потврдени се плановите на Ердоган за предизборен митинг во Босна. Провладиниот весник „Јени шафак“ информира дека митингот е планиран за 20 мај во Сараево.

МИА