недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Пред Аркан Цеца имала голема љубов – за пејачката тој бил фудбалерот од соништата, му го посвети и овој познат хит (ФОТО)

Пред Аркан Цеца имала голема љубов – за пејачката тој бил фудбалерот од соништата, му го посвети и овој познат хит (ФОТО)

Речиси сите добро знаат дека Цеца Ражнатовиќ беше омажена за командантот на српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ Аркан врз кого беше извршен атентат во 2000-та година.

Сепак речиси никој не знае дека пејачката кон крајот на осумдесеттите не била сама.

Првото момче на Цеца за кое знае јавноста бил фудбалерот Владан Лукиќ, а медиумите уште тогаш шпекулираа дека песната „Пистите ме да га видим“ му ја посветила токму него.

Нивната љубов во јавноста се дозна во 1989-та година кога тој стана познат играч на Црвена Ѕвезда, а Цеца позната пејачка која започна да ја гради кариерата во Белград.

Фудбалерот тогаш имал 18 години, а Цеца само 15.

Иако се шпекулирало дека се свршиле тие во 1990-тата раскинаа кога фудбалерот заминал во војска.

Ќерката на Владан Сара пред неколку години се омажила, а токму на нејзината свадба пеела Цеца која тогаш се пошегува дека со фудбалерот се познава околу 30 години и тој во тоа време знаел со кого треба да се забавува, со пејачки.

Најнови вести