Поради претстојниот „Виз Ер Скопски Маратон 2018“, организиран од страна на „Сојуз на спортови на Скопје“ и на кој што е предвидено да учествуваат околу 10.000 натпреварувачи од педесетина земји од светот, во недела (06.05) со почеток во 08,30 часот МВР, односно Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ги информира граѓаните околу трасата по која што ќе се одвива трката, при што тие сообраќајници ќе бидат забранети за сообраќај.
Имено, за трката на 5.000 метри предвидена е следната траса на движење: преку плоштад Македонија, преку Камени мост лево покрај новиот театар, па лево преку мост Гоце Делчев до бул.Илинден и по него лево по улиците “Рузвелтова“, “М.Т.Гологанов“, “Димитрие Чуповски“, “11-ти Октомври“ и пред Порта Македонија се врти лево на плоштад Македонија каде е целта.
Потоа за т.н. полумаратон односно трка на 21 километар: стартот е од плоштадот Македонија преку Камени мост, лево покрај новиот театар, лево по мост Гоце Делчев по бул. Илинден лево по ул. “Љубљанска“ и ул. “Московска“, десно по ул “.Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти назад и се оди по улиците “М.Т.Гологанов“, “Димитрие Чуповски“, “11-ти Октомври“, “Крушевска република“, по бул.Трета Македонска бригада“, ул. “Фрањо Клуз“, бул. “Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул. “Србија“ каде се врти назад по бул “Јане Сандански, и улиците “Фрањо Клуз“, “Крушевска Република“, “11-ти Октомври“, се влегува низ Порта Македонија и на плоштадот, каде е и целта.
И главната маратонска трка ќе се одвива по истите сообраќајници како полумаратонот, но со уште еден дополнителен круг.
Поради сето ова одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните за разбирање и почитување на посебниот сообраќаен режим во текот на одржувањето на настанот.