МЗТ Скопје Аеродром го победи Пелистер со 84-81 во дербито во заостанатиот меч во машката македонската кошаркарска Прва лига.
Металците кои играа без Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски, беа подобри во првото полувреме, но биточлчани одиграа добра трета четвртина, па во финишот имаше голема неизвесност.
Бакоч со тројка на 6 секунди до крајот го даде клучниот кош, а откако гостите реализираа две слободни, точка стави Мекиќ со едно слободно фрлање на три секунди до крајот.
Кај Пелистер најпрецизни беа Малешевиќ и Кесар со по 23 поени. Кај МЗТ, најефикасни беа Крстевски и Тарнер со по 17 поени, додека Мекиќ даде 14, а Олуџоби 12 поени.