понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Канада ќе им додели престој на 90 илијади странски студенти и работници

Канада ќе им додели престој на 90 илијади странски студенти и работници

Канада ќе им додели статус на постојан престој на 90.000 странски студенти и работници кои се на нејзина територија и кои, особено, помогнаа во лекувањето на болните за време на пандемијата.

Тоа го објави канадскиот министер за имиграција Марко Мендичино.

Програмата за доделување статус со постојан престој, која трае до 6 мај, е наменета за оние работници кои имаат најмалку едногодишен престој во Канада во здравството или друга професија за која се смета дека е од суштинско значење, како и за оние странски студенти кои примиле диплома за високо образование во последните четири години.

Мерката ќе и овозможи на Канада да ја исполни својата цел за повеќе од 400.000 мигранти во 2021 година и да го надомести падот на бројот на лица примени минатата година поради пандемијата и затворањето на границите.