среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со четирицикл излетал од пат, тешко повреден 28 годишник

Со четирицикл излетал од пат, тешко повреден 28 годишник

На 25.04.2021 во 18.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Прикланска крстосница – с.Бигла, кај место викано „Манастирски дол“, четирицикл „вилд 250“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(28) од с.Калиманци, излетал од патот, информира МВР.

Во незгодата Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Виница.