недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јулијан Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн Минхен

Јулијан Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн Минхен

Тренерот на германскиот фудбалски клуб Лајпциг, Јулијан Нагелсман во иднина ќе го предводи актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен.

Клубот од Минхен ги договорил условите на договорот со 33-годишниот фудбалски стратег ги  објави новинарот на „Спорт1“, Патрик Бергер.

Мануел Бонке, новинар на минхенскиот весник „Минхнер Меркур“, тврди дека со Нагелсман ќе биде потпишан долгорочен договор со плата од осум милиони евра годишно.

Баерн Минхен ќе го обесштети Лајпциг во износ од 20 милиони евра за трансфер на тренерот во нивниот тим.