На 27.04.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу тротинет, управуван од Г.С.(36) и велосипед, управуван од Б.Н.(48), и двајцата од Скопје.
-Во незгодата, велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.