Капитенот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, преку социјалната мрежа Твитер реагираше на на информацијата дека Алекс Фергусон бил итно опериран поради имал мозочен удар.
Двајцата долго време соработуваа заедно.
– Многу сум потресен поради информацијата дека Сер Алекс не се чувствувал добро и е во болница. Сите мои мисли и молитви се со него и неговата фамилија. Биди силен шефе, напиша Карик на Твитер.