Фудбачерот на Тотенхем Герет Бејл по постигнатиот хет-трик против Шефилд Јунајтед имаше порака до поранешниот тренер на тимот од Лондон Жозе Мурињо.
Тој му се заблагодари на новиот тренер Рајан Мејсон за офанзивната тактика што му овозможува на Бејл да игра поблиску до противничкиот гол.
„Конечно го вративме победничкиот Тотенхем и нормално е да се очекува постигнување на повеќе голови. Работевме на оваа формација неколку недели, конечно играме фудбал на начин на кој е препознатлив Тотенхем. Ми требаат натпревари, и кога имам континуитет, нормално е да играм вака“, изјави Бејл.